Во Њу Орлеанс почна да се снима петотот продолжение на култниот научно-фантастичен филм Терминатор. Во главната улога повторно е неповторливиот Арнолд Шварценегер. Во филмот се појавува и Џеј Кортни, ѕвездите од „Игра на тронови“ Емилија Кларк и Џејсон Кларк, а на Твитер е објавена и прва фотографија од снимањето. На неа може да се види остарениот Шварценегер и популарната Калеси во улога на Сара Конор.
Кога го прашале како го објаснува роботот Т-800 со побелена коса, Арнолд во интервју за МТВ тој вели
-Ликот е така напишан. Тоа е машина под човечко месо а телот на термитаторот старее како и обичните луѓе. Но, не и со иста брзина.
Ако може Терминатор да патува низ времето, зошто да не може и да старее, но споро?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.