| четврток, 6 декември 2018 |

Ослабете со компир и сирење

francuski kompir

Потпечени или пак заедно измешани во салата, компирот и сирењето се неверојатен спој. Овие намирници се богати со белковини и со аминокиселини. Протеините се неопходни за обновување на мускулите и ткивото. Белковините ги има во јајцата, мелечните производи, рибата, телешкото месо, а во помала мера и компирот. Затоа е одлична комбинацијата на белковини од растително и животинско потекло. Комбинирајте компир со млечни производи и компир со јајца и секој ден ќе имате половина килограм помалку.

Во текот на диетата пијте најмалку 2 литри вода, незасладен чај и 1 шоља кафе дневно. Оваа диета предвидува 5 на ден: доручек, 2 ужинки и 2 оброка по избор.

Идеи за доручек:
1 портокал и 2 тоста од интегрален леб, со тоа изедете и 40 грама посна шунка или 50 грама пилешко месо со 2 парчиња сирење.
200 калории, 4 грама масти и 20 грама јаглехидрати

Претпладневна ужинка:
1 киви
48 калориии 1 грам јаглехидрати

Ручек и вечера:
Јадење со компир и сирење
Попладневна ужинка:
250 мл млеко помешајте со супена лажица трици.
90 калории, 1 грам масти и 9 грама јаглехидрати

kompir

Рецепти за јадења од копмир и сирење:
Печен компир со сирење: Во загреана тава ставете 30 грама сланина, додадете маслиново масло,1 ситно исецкано чешне лук, 200 грама компир исечеан на коцки и печете го додека не стане крцкав. Посипете ги со 50 грама младо рендано сирење и поклопете го садот за сирењето да се стопи. Со тоа сервирајте и 3 мали патлиџани, прелиени со маслиново масло.
360 калории, 15 грама масти и 36 грама јаглехидрати

Крем супа од компир и сирење: Во 3 дцл. вода сварете 200 грама исечкан компир, 100 гр. морков и прстофат мајчина душица. Изблендајте го варениот зеленчук, ставете на тивок оган 50 грама младо сирење или моцарела и зачинете ја со магдонос.
330 калории, 10 грама масти и 40 грама јаглехидрати

Компир во лушпа со топено сирење: Измешајте2 супени лажици кисела павлака со исецкан магдонос. Сварете 1 поголем компир заедно со лушпата и откога ке се олади прелијте го со павлаката. Додадете 50 грама стопено сирење и сервирајте со салата од краставица и рен.
360 калории, 16 грама масти и 31 грам јаглехидрати

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top