| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ако Заев е уверен дека е во право, нема зошто да се плаши

gruevski-zaev1

Ако господинот Зоран Заев верува во тоа што го изнесе нема потреба да се плаши. Но, мислам дека нема да излезе така затоа што наведеното не е точно. Инаку да, вистина е дека ќе побарам отштета од 500.000 евра, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој поднесе тужба за клевета против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за наведеното во врска со случајот „Македонска банка“. Првото судско рочиште на овој случај е закажано за 19 јуни.

Зоран Заев објави снимка на која тврди дека е снимен Никола Груевски како преку посредник ја договара продажбата на Македонска банка на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ – Нини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top