| четврток, 6 декември 2018 |

Приказна за страшното злосторство што се случува поради недостиг од љубов

MEDEJA_aljosa-rebolj-kontraplan-22

Хрватско народно казалиште – Загреб со претставата „Медеја“, во режија на Томаж Пандур утревечер гостува на првиот меѓународен театарски фестивал „МНТ Фест“. Почетокот на претставата е во 20 часот.

Режисерот Пандур на денешната прес-конференција истакна дека „Медеја“ е нивна хит-претстава, која живее веќе три години.

– Откривме дека во големата, страшна, трагична приказна се крие нешто што нас и ден денес не возбудува и боли. За тоа имаме потреба нешто да кажеме и на сцена – рече Пандур и додаде дека работи со фантастична актерска екипа.

Во претставата има една иновација, двата сина на Медеја се пораснати. Во претставата има видеодел и употребата на филм.

Актерката Алма Прица, која ја глуми Медеја, истакна дека се работи за фасцинантен лик, кој, како што рече, е злосторник и жртва.

– Претставата зборува за едно страшно злосторство што се случува поради недостиг од љубов. Во неа има бес, омраза, а, сепак, е полна со љубов и со страст – рече Прица. Додаде дека Медеја се наоѓа во машки свет

Во „Медеја“ покрај Алма Прица играат Дамир Марковина, Романо Николиќ, Ливио Бадурина, Бојан Навојец… Актерската екипа посочи дека претставата ја подготвувале со многу љубов.

Досега „Медеја“ гостувала во Пула, Дубровник, Ријека, Љубљана, Марибор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top