| четврток, 6 декември 2018 |

Градска плажа „Парк“ во Скопје се отвора на 4 јуни

gradskaplaza

Новата и реновирана градска плажа „Парк“ во Скопје, на кејот на реката Вардар ќе се отвори на 4 јуни во 20 часот, заедно со учесниците од фестивалот „Баскерфест“ и познати диџеи и музичари од Македонија.

Покрај промената на изгледот, има и промена во концептот на работење. Ќе постои и продавница за продажба на вода, сокови,сладолед, грицки, алкохолни пијалоци, ладни сендвичи, кафе која ќе работи до 21 часот, за да ги задоволи потребите на сите оние кои рекреираат на градскиот кеј, а потоа се отвара барот каде што редовно ќе се организираат забави со диџеи, бендови како и неколку поголеми случувања.

Едно од нив е големата забава по повод затворањето на „Баскерфест“ на 14 јуни, влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.

На градската плажа „Парк“ ќе има и простор за спортски активности- стритбол, фудбал, одбојка на песок, зумба, аеробик и винг-чунг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top