По повеќе од пет месеци поминати надвор од терените, Наумче Мојсоски се врати на паркетот.
Мојсовски кој е еден од најдобрите македонски ракометари, беше дел од тимот на Металург на егзибиционата средба со екипата на Металург Јуниор.
Наумче не ризикуваше и не влезе во игра, но на огромно задоволство на сите присутни тој изведе седмерец и постигна гол, прв по подолго време. Се очекува во најскоро време да биде целосно подготвен и да се врати во старата форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.