| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите од денеска на подготовки во Охрид

Македонската ракометна репрезентација денеска ги започнува подготовки за бараж средбите за светското првенство во Катар 2015 година. Нашата селекција игра двомеч со Грција на 7 јуни во Атина и седум дена подоцна во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.
Базата на подготовките ќе биде во Охрид каде избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе останат до 4 јуни, а потоа се враќаат во Скопје од каде треба да патуваат за Атина.
Од почетокот на подготовките ќе отсуствуваат Кире Лазаров и Борко Ристовски кои имаат обврски во своите клубови.
Лазаров ќе игра на завршниот турнир од ракометната Лига на шампиони со Барселона кој се игра во Келн овој викенд.
На подготовките нема да се појави ниту Наумче Мојсовски кој не е доволно подготвен по тешката повреда на коленото од декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top