Освен Топузова Каревска, според партиски извори во СДСМ виси и оставката на Солза Грчева, јавува „24 Вести“.
Телевизијата повикувајќи се на истите извори пишува дека Грчева на вчерашниот состанок со раководството на партијата, најавила дека најпрвин ќе почека сите 120 кандидати од опозицијата да не ги прифатат мандатите, па потоа ќе одлучи дали ќе поднесе оставка.
За „24 Вести“ Грчева не сакала да коментира – вели рано било, ќе почекала. Инаку, на вчерашниот состанок, како што веќе објави „24 Вести“, меѓу пратениците имало негодување за одлуката и дискусии во насока дека треба да се почека, сепак конечната одлука била писмените оставки да се поднесат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



