Во арт-кафето „Концепт 37“ вечер ќе биде отворена изложбата на инстаграм фотографии „Сонувам во боја“ од филмскиот режисер Ѓорче Ставрески.
Колекцијата брои 20 фотографии – пејсажи сликани на мобилен телефон и споделени на социјалните мрежи.
Ставрески е филмски режисер од Скопје, автор на кратки и документарни филмови со кои постигна интернацонаен успех. Го подготвува и првиот долгометражен филм за кој доби награда за сценарио на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, како и награда во Трст, Италија.
Со уметничка фотографија аматерски се занимава 10 години. Ова е негова втора самостојна изложба по првата во Каен, Франција, во рамки на фестивалот Балканс транзит 2009. Ставрески е добитник и на диплома за поединечна фотографија на Денови на македонската фотографија во 2007 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.