
Денеска во КИЦ (Културно информативен центар) во 12 часот ќе се одржи промоција на новото ЦД од Скопскиот Дувачки Квинтет насловен 62:48 музика.
Промотори ќе бидат музичкиот критичар и публицист Васка Наумова Томовска и и професорот Иван Кочаров.
Скоро 40 години низ македонските концертни сцени, во културата и традицијата, со висок профенсионализам, дејствува Скопскиот дувачки квинтет, камерен ансамбл кој зрачи со изненадувачки вдахновена музичка интерпретација, која по сите критериуми е својствена и блиска на светските критериуми.
Во него низ годините изминати музицираа плејада врвни и докажани ументици од дувачката фела од Македонија. Денес, таа долга и богата традиција,за виртуозна изведба, ја продолжуваат веќе, неколку години, петтмина големи мајстори на звукот, Васил Атанасов-обоа, Марија Јакимовска-флејта, Ристо Ѓоревски-кларинет, Марјан Милошевски-фагот и Александар Гошев-хорна.
Овој камерен состав, во својот извонредно богат репертоар, изведува дела од сите епохи на светската музичка ризница, почнувајки од старите мајстори на ренесансата и барокот, па се до современитеи авангардни композиторски имиња на музичкиот модернизам. Тука посебно место им припаѓа на македонските композитори од кои значаен број од нив имаат создадено и сеуште творат, специјални дела, токму за Скопскиот дувачки квинтет, а кои дела, членовите на составот ,ги доживуваат и изведуваат со посебно чувство за македонското творештво,со голем и искрен респект кон нив.
Скопскиот дувачки квинтет има широка и богата уметничка биографија во која покрај доминантната концертна кариера во Македонија,уште ја дополнуваат и бројни успешни настапи во странство,како и создавање на завиден број на тонски и ТВ записи. За својата уметничка дејност е наградуван со редица врвни награди и признанија меѓу кои и високите -Ноемвриската награда на град Скопје како и високата државна награда –Октомвриската награда.Секако тука се вбројуваат и повеќе стручни награди како и фестивалски признанија.Настапите на Скопскиот дувачки квинтет се многубројни кои уште долго се помнат и остануваат во меморијата на публиката.Неговото брилијантно и ретко музикално свирење е забележано со ласкави зборови од стручната критика како во Скопје,така и на повеќе фестивали-Охридско лето,ДММ,Скопско лето,а и многу пошироко низ светот во САД,Русија,Бугарија,,Австрија,во сите поранешни југословенски републики …
Годината 2002 за Скопскиот дувачки квинтет во неговата уметничка историја означува започнување на една нова и многу успешна и креативна ера.Ова го потврдуваат и силните зборови од Виенскиот печат од 2013 година забележани по успешниот концерт….Скопскиот дувачки квинтет создава уметност со светски стандарди…бравурозна изведба….воодушеви Скопскиот дувачки квинтет….Скопскиот дувачки квинтет ја подигна на нозе Виенската публика…
Првиот компакт диск Скопскиот дувачки квинтет го издаде во 2010-та година,а овој носач на звук, втор по ред е исто така плод на неговата упорна и со високо изграден критериум работа. Како и на првиот ,така и на овој компакт диск, пред се е втемелена програма која јасно зборува за суптилен избор на дела во кои Скопскиот дувачки квинтет звучи раскошно со сиот можен спектар на звучни колорити и творечки емоции,кои само тој може да ги долови со својата сјајна интерпретација.
Васка Наумова Томовска
Музички критичар и публицист
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


