Со тајно гласање 224 романски пратеници се изјасниле „против”, а 78 „за” апсење на колегата Флорин Попеску, припадник на неодамна формираната партија Народно движење, јави агенцијата Mediafax.
Државното обвинителство во април годинава побара негово апсење, обвинувајќи го дека во 2012 година ја искористил својата политичка функција за од сопственик на трговски синџир да добие околу 70 илјади пилиња во вкупна вредност од 90 илјади евра кои имал намера да им гои подели на избирачите по завршувањето на изборите. Попеску, кој тогаш ја извршуваше должноста претседател на огранок на Либерално-деморкатската партија го отфрли сите обвинувања.
Романското правосудство пред неколку тргна во справување со корупцијата во високите политички кругови. Неколку високи функционери, меѓу кои и поранешниот премиер Адриан Настасе, отслужуваат затворски казни бидејќи беше докажана пред суд нивната вина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Земјотрес од 5,8 степени во Романија
-
Референдум за забрана на истополовите бракови во Романија
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија



