| четврток, 6 декември 2018 |

Диви Ангелов ослободен од репрезентативните обврски

Репрезентативниот голман на Македонија Петар Ангелов ќе ги пропушти двете бараж-средби за македонската репрезентација против селекцијата на Грција за пласман на светското првенство во Катар 2015 година.
Популарниот Диви, кој брани во одлична форма и, секако, многу ќе недостига во составот покрај Наумче Мојсовски и Стојанче Стоилов, се пожалил на болку во грбот.
Селекторот Ивица Обрван го ослободил од обврските по разговорот со лекарот на репрезентацијата и самиот голман.

– Разговарав со Ангелов и има повреда на грбот, која ќе го оддалечи од репрезентацијата, затоа го ослободив. На негово место е повикан Стефан Кимевски о Металург јуниор и заедно со Борко Ристовски и Никола Митревски ќе биде во голманското трио на подготовките – изјави Обрван.

Двомечот со Грција се игра на 7 јуни во Атина и на 15 е реваншот во Скопје. Победникот ќе се пласира на Светското ракометно првенство во Катар на почетокот на следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top