| четврток, 6 декември 2018 |

Помош од 100.000 евра од македонската Влада за поплавите во Хрватска

Владата на Република Македонија денеска донесе одлука да испрати финансиска помош од 100.000 евра за Хрватска, која исто како и Србија и Босна и Херцеговина се соочи со големи поплави.

Претходно македонската Влада исто така најави финансиска помош од по 100.000 евра за соседна Србија и за Босна и Херцеговина, кои како и Хрватска, поради дождовите и надојдените реки се соочија со поплави од огромни размери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top