Турската компанија „Јагјемезлер“ ќе гради текстилен производен погон во ТИРЗ „Прдејци“, кај Гевгелија.
„Јагјемезлер“ ќе отвори фабрика за производство на конфекциски елементи и ќе вработи 250 лица.
– Во погонот во Гевгелија ќе се произведуваат ластици за разни конфекциски производи наменети за странскиот пазар. Веќе одбравме локација во технолошката зона и по добивањето согласност ќе почнеме со изработка на проектот за изградба на фабриката – рече сопственикот на компанијата, Гунгор Кајс кој потенцира дека сообраќајната поврзаност на Гевгелија и близината до солунското пристаниште биле пресудни да инвестира во ТИРЗ „Прдејци“.
Со конфекцискиот погон во Штип, турската компанија веќе 13 години е присутна во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



