Со победа против Пелистер од 25-20 на гостински терен во Битола, Металург ја потврди шампионската титула во домашното ракометно првенство, шеста за тимот од Автокоманда.
Во последната рунда не одеше сè тoлку мазно за новиот македонски првак, па Пелистер дури имаше и предност до средината на првото полувреме. Дејан Манасков со три гола од контри и Ренато Вугринец со еден погодок направија серија од 4-0, со која Металург поведе со 11-8. Се разбрани и Николче Митрески, а Металург на пауза замина со предност од пет гола, 15-10. Истата разлика беше и на крајот од мечот, со што тимот од Автокоманда стаса до трофејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.