| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на претстава на Рисима Рисимкин вечерва во Анталија

Risima

На сцената на Националната опера и балет во Анталија вечрва ќе се одигра претставата „Надеж“ во кореографија на Рисима Рисимкин. Триесетина балетски играчи ќе застанат на сцената за премиерно да ја одиграат претставата. Рисима Рисимкин оваа сезона е ангажирана како главен кореограф во овој голем турски ансамбл. Музиката е на Бетовен, (втор дел од 7 симфонија и цела 9 симфонија), а костимите на Благој Мицевски, актуелен уметнички директор на Битолскиот театар. Сценографија ја направи Тајфун Чеби.
– Ова е исклучително значајна претстава за мене. Да се работи со национален балет надвор од Македонија е голема обврска, уште повеќе што работам со одлична компанија, со големи професионалци. Инспиративна е атмосферата, играчите. Се создаде флуид на замена доверба и одлична соработка. Музиката на Бетовен е дополнителен мотив и моја инспирација од поодамна,  вели Рисимкин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top