| четврток, 6 декември 2018 |

Без целосен ремонт, СДСМ ќе заврши на отпад

Кол­ку со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја е из­ме­сте­на од сво­е­то те­жи­ште и исто­ри­ски из­вор по­ка­жа пос­лед­ни­от слу­чај со штрај­кот во фа­бри­ка­та „Дрексл­ма­ер“ во Ка­ва­дар­ци. На­ме­сто поз­на­ти­те ад­во­ка­ти, син­ди­кал­ни ра­бот­ни­ци и поз­на­ва­чи на тру­до­во­то пра­во од ре­до­ви­те на СДСМ да би­дат пр­ви­те, ка­ко на вре­ме­то Ва­сил Гла­ви­нов, што ќе им по­ма­га­ат на ра­бот­ни­ци­те, за кои во те­о­ри­ја се за­ла­га­ат, ни­ту еден член на СДСМ не се по­ја­ви во Ти­квеш. За­ев и дру­га­ри­те исти­от ден имаа вре­ме да се за­ни­ма­ва­ат со поз­дра­ви­те и со че­сти­тки­те до Ива­нов од гер­ман­ски­от, ру­ски­от и од дру­ги пре­тсе­да­те­ли и прет­став­ни­ци на ЕУ, но не­маа вре­ме да про­го­во­рат за ра­бот­нич­ки­те пра­ва на вра­бо­те­ни­те во „Дрексл­ма­ер“. Пар­ти­ја­та сме­сте­на на ули­ца­та „Па­вел Ша­тев“ не­ма­ше вре­ме ни­ту за ед­на прес-кон­фе­рен­ци­ја за лу­ѓе­то за кои се кол­не де­ка са­ка да ги пре­тво­ри во сред­на кла­са

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

По кон­гре­сот на Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз се за­си­лу­ва­ат шпе­ку­ла­ци­и­те де­ка во ма­ке­дон­ска­та ле­ви­ца мо­же да се слу­чи це­ло­сен рас­кол со фор­ми­ра­ње­то но­ви суб­је­кти кои до­пол­ни­тел­но ќе ја раз­вод­нат и она­ка бле­да­та иде­о­ло­шка и ка­дров­ска ма­три­ца во овој дел од по­ли­тич­ка­та сце­на. По­бе­да­та на За­ев про­тив „вна­треш­ни­те пар­ти­ски“ не­при­ја­те­ли не го ре­ши ос­нов­ни­от проб­лем на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те. Еу­фо­ри­ја­та од по­бе­да­та на се­гаш­но­то ра­ко­водс­тво не да­ва це­лос­на сли­ка за ви­стин­ски­те при­чи­ни за кри­за­та и за су­ди­рот на ле­ви­ца­та.

Проб­ле­мот во СДСМ не е во име­то и пре­зи­ме­то на ли­де­рот и во не­го­ва­та гар­ни­ту­ра, ту­ку во по­чи­ту­ва­ње­то и во­оп­што во по­сто­е­ње­то на ос­нов­ни­те на­че­ла на кои по­чи­ва мо­дер­ни­от со­ци­ја­ли­зам или со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја­та. Тоа што нај­го­ле­ма­та пар­ти­ја во опо­зи­ци­ја и во на­ред­ни­от пер­и­од ќе ја во­ди чо­век што не­ма ха­риз­ма и што по­ве­ќе е поз­нат по сво­и­те га­фо­ви од сво­и­те идеи е мно­гу по­мал проб­лем од фа­ктот што ле­ви­ца­та ка­ко по­ли­тич­ка ма­три­ца, ка­ко иде­о­ло­шка по­ра­ка, не ус­пеа да до­пре до нај­за­гро­зе­ни­те и нај­ран­ли­ви­те ка­те­го­рии во ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво. И ту­ка Цр­вен­ков­ски е во пра­во, од оваа си­ту­а­ци­ја СДСМ не го спа­су­ва­ат ни­ту тој ни­ту стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник.

На СДСМ му е по­треб­но це­лос­но ре­де­фи­ни­ра­ње во иде­о­ло­шка смис­ла за­тоа што по­бе­да­та на ид­ни­те ре­дов­ни из­бо­ри за че­ти­ри го­ди­ни по­втор­но ќе би­де не­до­стиж­на ако гра­ѓа­ни­те не до­би­јат јас­на ин­фор­ма­ци­ја за што се бо­рат За­ев и дру­га­ри­те. По­ен­та­та со сред­на­та кла­са бе­ше до­бар по­че­ток, но за нај­го­лем дел од лу­ѓе­то таа е маг­ло­ви­та, за уште по­го­лем број е не­до­стиж­на, осо­бе­но ко­га се по­вр­зу­ва со сред­на­та кла­са што ја гле­да­ме во аме­ри­кан­ски­те и во европ­ски­те фил­мо­ви. За го­лем дел од гла­са­чи­те СДСМ се бо­ри за да го ур­не Гру­ев­ски, што са­мо по се­бе не е до­вол­но. Ста­ни ти, да сед­нам јас, не е оп­ци­ја што по­бе­ду­ва освен ако За­ев не­ма ја­сен план што по ури­ва­ње­то на ВМРО-ДПМНЕ. Та­ков план не слуш­нав­ме до­се­га.

Ин­фор­ма­ци­и­те де­ка лу­ѓе бли­ски на Цр­вен­ков­ски ве­ќе пра­ват план за фор­ми­ра­ње пар­ти­ја не е но­ва, таа е при­сут­на во по­ли­тич­ки­те ку­ло­а­ри уште пред из­бо­ри­те, но, спо­ред сѐ, тие се са­мо дел од про­па­ганд­на­та ак­ци­ја во ко­ја За­ев тре­ба­ше да би­де прог­ла­сен за про­тив­ник на Цр­вен­ков­ски, со што би се ос­ло­бо­дил од не­га­тив­на­та ау­ра ко­ја ја но­си со се­бе по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Тоа што во ова сце­на­рио, за кое на со­ци­јал­ни­те мре­жи про­го­во­ри­ја и дел од но­ви­на­ри­те што ва­жат за об­је­ктив­ни, на­стра­да Сте­во Пен­да­ров­ски, за СДСМ не е важ­но, нај­важ­но е да се за­др­жи ста­тус кво во пар­ти­ја­та.

До­бри поз­на­ва­чи во ре­до­ви­те на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те ве­лат де­ка во игри­те око­лу ли­дерс­тво­то на опо­зи­ци­ја­та Пен­да­ров­ски, и по­крај од­лич­ни­от ре­зул­тат што го по­стиг­на, не­мал ни­ка­кви шан­си. Ду­ри, пре­тсе­да­тел­ски­от кан­ди­дат кај мно­гу­ми­на во вр­вот на СДСМ бил до­жи­ву­ван ка­ко опас­ност ко­ја мо­же ги раз­ни­ша те­ме­ли­те на кои по­чи­ва пар­ти­ја­та. Тоа што „оз­лог­ла­се­ни­от“ Цр­вен­ков­ски го спо­ме­на ка­ко нај­до­бра ва­ри­јан­та за пар­ти­ја­та во „пер­и­о­дот по За­ев“, из­во­ри од пар­ти­ја­та го спо­ре­ду­ва­ат со тур­ка­ње­то на стол­че­то при јав­но бе­се­ње.

Мно­гу­ми­на во та­бо­рот на ле­ви­ца­та се сог­ла­су­ва­ат со те­за­та де­ка евен­ту­ал­на но­ва пар­ти­ја пред­во­де­на од Цр­вен­ков­ски, не­кој не­гов бли­зок чо­век или тре­то ли­це од до­се­га поз­на­ти­те не мо­же да го зго­ле­ми гла­сач­ки­от по­тен­ци­јал во опо­зи­ци­ја­та, што е гла­вен пре­дус­лов за оп­ти­ми­зам кај про­тив­ни­ци­те на Гру­ев­ски. Ва­ри­јан­та­та за но­ва пар­ти­ја со со­ци­јал­де­мо­крат­ски предз­нак мо­же да би­де са­мо пре­од­на фа­за по ко­ја по­втор­но би дош­ло до окруп­ну­ва­ње, ду­ри и пре­то­пу­ва­ње на си­те фор­мал­ни и не­фор­мал­ни фрак­ции на ле­ви­ца­та.

Оваа оп­ци­ја ја отфр­ла ана­ли­ти­ча­рот Да­ме Чка­тров­ски.

– До­бро е што опо­зи­ци­ја­та го за­вр­ши кон­гре­сот и де­ка ова ра­ко­водс­тво на СДСМ ве­ќе не смее да пра­ви кон­гре­си и слич­ни пар­ти­ски слу­чу­ва­ња кои не но­сат ни­што до­бро за са­ма­та пар­ти­ја ни­ту за зем­ја­та. Мно­гу про­чи­тав­ме де­ка ќе има­ло фрак­ции или мож­ност за но­ва пар­ти­ја про­из­ле­зе­на од СДСМ. Твр­дам де­ка не­ма ни­што од тоа – ве­ли Чка­тров­ски, кој до­бро ги поз­на­ва од­но­си­те во опо­зи­ци­ја­та.

При­чи­ни­те зо­што гла­сач­ки­от по­тен­ци­јал на ле­ви­ца­та не мо­же да се зго­ле­ми са­мо со но­ви пар­тии мо­жеа да се ви­дат со слу­ча­јот на НСДП на Ти­то Пе­тков­ски. Не­су­де­ни­от пре­тсе­да­тел, кој во 1999 го­ди­на за­гу­би од по­кој­ни­от Бо­рис Трај­ков­ски, по от­це­пу­ва­ње­то од ма­тич­на­та пар­ти­ја не по­ну­ди ап­со­лут­но ни­што ни­ту во со­ци­јал­на ни­ту во на­ци­о­нал­на смис­ла.

Со­ци­јал­на про­гра­ма со на­ци­о­на­ли­стич­ка ка­дров­ска по­ли­ти­ка

Иа­ко, по де­фи­ни­ци­ја, ле­ви­ца­та тре­ба да се обра­ќа на си­те на­ци­о­нал­но­сти и во прв ред да го­во­ри за проб­ле­ми­те на си­те, СДСМ не ус­пеа да ги прив­ле­че ни­ту Ал­бан­ци­те ни­ту по­ма­ли­те ет­нич­ки за­ед­ни­ци во зем­ја­ва. Иа­ко на ли­сти­те за пра­те­ни­ци има­ше де­се­ти­на кан­ди­да­ти што беа од ал­бан­ска­та, срп­ска­та, тур­ска­та, ром­ска­та, бош­њач­ка­та или од вла­шка­та за­ед­ни­ца, не­јас­но е ка­ко ме­ѓу пр­ви­те три­е­се­ти­на ли­ца од ра­ко­водс­тво­то на СДСМ кои се чле­но­ви на Из­врш­ни­от од­бор, со­се пре­тсе­да­те­лот, пот­пре­тсе­да­те­ли­те и за­ме­ник-пре­тсе­да­те­лот, има са­мо еден при­пад­ник на мус­ли­ман­ска­та ре­ли­ги­ја, а од дру­ги­те ет­нич­ки гру­пи не­ма ни­ту еден. Без ди­ре­ктен пар­ти­ски при­стап до си­те со­ци­јал­но­за­гро­зе­ни ка­те­го­рии и во дру­ги­те за­ед­ни­ци, освен ма­ке­дон­ска­та, СДСМ не мо­же да оче­ку­ва ка­ков би­ло на­пре­док во зго­ле­му­ва­ње на гла­сач­ко­то те­ло.

Во све­тот има мно­гу при­ме­ри во кои по­ли­ти­ча­ри че­ка­ле или со де­це­нии се бо­ре­ле за осво­ју­ва­ње на вла­ста, па и Зо­ран За­ев има пра­во на по­долг ман­дат во би­тка­та за пре­ми­ер­ска­та фо­тел­ја. Се­пак, во таа би­тка мо­ра да се со­о­чи со ре­ал­но­ста и со су­е­та­та што го оче­ку­ва­ат се­ко­гаш ко­га од Стру­ми­ца при­стиг­ну­ва во глав­ни­от град за да ја во­ди пар­ти­ја­та. За­ев мо­ра да знае де­ка Скоп­је, иа­ко во не­го пра­ктич­но не­ма по­ве­ќе од де­се­ти­на ил­ја­ди „ста­ри скоп­ја­ни“, не мо­же да при­фа­ти ли­дер од вна­треш­но­ста. Кол­ку и да е тоа по­греш­но и не­ко­рект­но, над­ме­на­та ин­те­ле­кту­ал­на и по­ли­тич­ка ели­та во глав­ни­от град не мо­же да при­фа­ти да ја во­ди „про­вин­ци­ја­лец“.

Оваа си­ту­а­ци­ја е осо­бе­но опас­на за За­ев ако се знае де­ка иста­та таа ели­та во пос­лед­ни­ве 20 го­ди­ни ја гра­де­ше стру­кту­ра­та на СДСМ над­вор од Скоп­је. Ка­ко тоа функ­ци­о­ни­ра во пра­кти­ка се по­ка­жа на пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри ко­га во Стру­ми­ца, Ку­ма­но­во, При­леп, Охрид и во не­кол­ку дру­ги гра­до­ви не из­ле­гоа на гла­са­ње го­лем дел од чле­но­ви­те на пар­ти­ја­та бли­ски со одре­де­ни ви­со­ки функ­ци­о­не­ри на пар­ти­ја­та кои се­га се отво­ре­ни про­тив­ни­ци на За­ев.

Без раз­ли­ка да­ли се ви­сти­ни­ти при­каз­ни­те за аме­ри­кан­ски и за бри­тан­ски екс­пер­ти за од­но­си со јав­ност, кои на­вод­но би­ле нај­ме­ни во би­тка­та про­тив Гру­ев­ски, СДСМ не мо­же да се на­де­ва на ни­ка­ков ус­пех ако од ко­рен не ја про­ме­ни ос­нов­на­та кон­фуз­на по­ра­ка до сво­и­те гла­са­чи. Во зем­ја ка­де што нај­го­лем дел од на­се­ле­ни­е­то жи­вее со 200-300 евра ме­сеч­но, мно­гу е те­шко да прив­ле­че­те но­ви при­вр­за­ни­ци ако бо­гат­ство­то ви се ме­ри во ми­ли­о­ни евра или ако при­хо­ди­те од ки­ри­ја ви се 5.000 евра за еден ме­сец. Во нор­мал­на др­жа­ва со ви­сок стан­дард и ре­ше­ни иден­ти­тет­ски и ге­о­стра­те­шки пра­ша­ња За­ев и Ше­ке­рин­ска би мо­же­ле да ми­нат кај по­го­лем број од гла­са­чи­те, но во Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што сѐ уште ма­ка ма­чи­ме со ни­за ба­зич­ни на­ци­о­нал­ни пра­ша­ња, се ре­тки не­у­трал­ни­те гла­са­чи што до­пр­ва би се прик­лу­чи­ле на со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та иде­ја пред­во­де­на од еден за ма­ке­дон­ски рам­ки из­во­нред­но бо­гат чо­век, и тоа спо­ред сопс­тве­но приз­на­ние. За­ев мо­ра да знае де­ка ко­га бо­гат чо­век ба­ра под­др­шка од си­ро­мав, пр­во­то пра­ша­ње од вто­ри­от е „што има за ме­не ако го да­дам гла­сот за те­бе“. При­тоа го­ле­ми­те ап­стракт­ни збо­ро­ви, ка­ко ури­ва­ње ди­кта­ту­ра, нов по­че­ток и про­ме­ни, во­оп­што не стиг­ну­ва­ат до тој што тре­ба да го да­де гла­сот. Ако на тоа пра­ша­ње За­ев не­ма кон­кре­тен од­го­вор, кој е и ле­сен за ос­тва­ру­ва­ње, не го спа­су­ва ни­што, ду­ри и да е из­во­нред­но до­бар го­вор­ник со бес­пре­кор­на сли­ка зад се­бе.

 

(објавено во 89. број на неделникот „Република“, 16.05.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top