Машката одбојкарска репрезентација загуби во последниот натпревар од вториот квалификациски турнир што се играше во Словенија од репрезентацијата на Полска со максимални 3-0 (25-19, 25-19, 25-21) во сетови.
Избраниците селекторот Жарко Ристовски со денешниот меч покажаа дека заслужуваат во следните квалификации за големо натпрварување да се најдат директно во квалификациска група и да се обидат да дојдат до следното европско првенство.
Во нашата група Полска заслужено го освои првото место, а Словенија како второ пласирана ќе мора да игра бараж средби за пласман на ЕП. Македонија ќе го освои третото место во случај ако Летонија не направи изненадување во Стожице во Љубљана и ја совлада фаворизираната домашна селекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


