Поранешната македонска репрезентативка и голманка на ЖРК Металург, Тања Андрејева, се пензионираше од ракометните терени. Натпреварот Металург – Жито Прилеп (48-23), што се одигра синоќа, беше нејзин проштален меч. Беше поздравена од клубот и публиката. Доби подароци за разделба од соиграчките и од раководството на клубот.
Андрејева петта сезона беше во Металург. Беше дел и од националната селекција, за која има 97 настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.