| четврток, 6 декември 2018 |

Јариќ и Лима заедно ќе собираат помош за настраданите Срби

adrijana-lima-marko-jaric-foto-beta-1394629724-460423

Катастрофата во Србија го спои славниот пар кој најави развод. Адријана Лима и Марко Јариќ во Њујорк ќе организираат донаторска вечер на која ќе присуствуваат бројни светски ѕвезди.

Адријана реши во Њујорк да организира донаторска вечер за Србија. Таа побара Марко да ѝ помогне за да присуствуваат што повеќе светски ѕвезди и богати бизнисмени. Се договорија и заедно да донираат пари – вели извор близок до бразилската манекенка.

– Марко и Адријана првпат се видоа неделава, по подолг период на разделеност. Раздвоеноста, но и тоа што се добар тим кога е во прашање организацијата на помошта за Србија, двајцата ги мотивира да размислат уште еднаш за својот однос и на бракот да му дадат нова шанса  вели заеднички пријател на познатиот пар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top