Откако медиумите објавија дека доскорашниот нивен поддржувач и колумнист, Ивор Мицковски, го изгуби ангажманот на порталот на СОРОС, Окно, поради критиките кон двоецот Заев – Шекеринска нарекувајќи ги криминалци, вчера портаролот Шилегов дрско нападна новинарка само затоа што се обиде да му постави прашање.
По ова порталот Курир објави дека одговорот на Шилегов преставуваше продолжување на практиката на СДСМ на етикетирање на медиумите, но и загрозување на правото на говор на новинарите. Од друга страна ваквото недемократско однесување своевремено беше потиканато од примерот на првиот човек на социјалдемократите кога јавно на трибина од Валандово изјави дека доколку сакаат да бидат на власт ќе влезат тимски, односно ќе бркаат од хигиеничар до министер во секој ресор на државата.
– Ако почитувани социјалдемократи пред се, Ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат, изјави тогаш струмичкиот градоначалник.
Заев изјави дека доколку сакаат да бидат на власт ќе влезат тимски, односно од хигиеничар до министер, во секој ресор во државата.
– Велат вие сте меки луѓе, вие заборавате велат ќе одмине времето и ќе бидете пак исти, ве знаеме да им кажете исто така беше Заев, апсениот Заев, живи луѓе има да јадеме после тоа, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


