Бразилската манекенка Адријана Лима вчера се вратила во семејниот дом во Мајами и се сретнала со нејзиниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, првпат по објавувањето на веста за разводот. Нејзината соба била полна со цвеќе, со што и самата се пофалила:
-Конечно сум дома. Многу цвеќе во мојата соба, напишала со насмевка убавицата и објавила фотографија од раскошен цветен аранжман на „Инстаграм“.
Таа не прецизирала кој и приредил вакво изненадување, но постојат индиции дека кошаркарот сакал да ја изненади на тој начин и да и посака добредојде во домот. Само еден ден претходно Адријана напиша дека едвај чека да се врати во Мајами бидејќи многу уи недостигаат ќерките Валентина и Сиена.
Марко и Адријана не се виделе откако ја објавија веста за разводот. Таа присуствуваше на свеченоста „Мет Галаa” во Метрополитен музејот во Њујорк, апотоа и на фестивалот во кан. Во меѓувреме кошаркарот од Белград се врати во семејниот дом каде уживаше со ќеркичките.
И покрај официјалната објава за разводот, во текот на престојот во Србија кошаркарот на телевизија посочи дека можеби ќе му даде на бракот уште една шанса.
-Адријана и јас долго разговаравме за ова и одлучивме да се разидеме бидејќи се создаде негативна енергија што не е добра за нашите ќекри. нема место за никакви скандали, ќе направиме пауза, па ќе видиме што ќе биде понатаму, рече Марко Јариќ во емисијата „Вереч со Ивана Ивановиќ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.