Управниот суд денеска реши дека е беспредметно барањето на пратениците на СДСМ за одложување на верификацијата на нивните мандати. Одлуката судот ја темели врз основа на тоа што тужбата за овој спор ја оцени како недозволена.
– Пред Управниот суд не може да се поведе управен спор за работи, за кои врз основа на уставните овластувања директно одлучува Собранието – стои во судската одлука.
СДСМ побара Управниот суд да воведе привремена мерка за запирање на одлуката на Собранието со која се верификуваа мандатите на пратениците од оваа опозициска партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.