
Во Општина Ѓорче Петров денеска беа доделени нови решенија за легализација на дивоградби на четириесетина жители од општината. Со тоа, бројот на легализирани објекти во оштината стигна до 3. 500.
– Бенефитот од заокружувањето на процесот на легализацијата ќе биде заеднички. Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти ,а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кој ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што е крајна цел на овој процес, истакна градоначалникот Сокол Митровски.
Тој апелираше до сите граѓани кои немаат изготвено геодетски елаборат тоа да го сторат во најкраток рок и потсети дека крајниот рок за доставување елаборат со новите законски измени е крајот на декември 2015 година, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и геодетските компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


