| четврток, 6 декември 2018 |

Кина ќе ѝ помогне на Македонија за подобра туристичка промоција

кина
Кина преставува најголем светски растечки пазар во сегментот на потрошувачката и туристичките патувања.  Во 2013 година  7,5 милиони туристи од  НР Кина ја посетиле Европа од кои 2,5 милиони во земјите од централна и југоисточна Европа што преставува  33,5 отсто од вкупниот број туристи од оваа земја.

Туристичките аранжмани од кинеските туристи  за европските земји во континуитет се зголемува, додека престојот на туристите од НР Кина станува се подолг. Се предвидува дека до 2018 година земјите од централна и југоисточна Еврота ќе бидат посетувани од 3,7 милиони кинески туристи годишно,потврдувајки го големиот потенцијал од Кинескиот туристички пазар.Државите од централна и југоисточна Европа (Албанија, Македонија, Бугарија, Босна и  Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Летонија, Црна Гора, Србија) се промовираат како една туристичка дестинација на кинескиот пазар што овозможува разновидност на туристичката понуда, поголема и попривлечна туристичка дестинација.

Целта на оваа конференцијата која се одржува во Будимпешта на НР Кина и земјите од централна и југоисточна Европа на 21-22 Мај 2014 година и потпишувањето на меморандумот  помеѓу овие земји, националната туристичка и маркетинг како и националната администрација за туризам на НР Кина. На оваа конференција Македонија е преставувана од директорот на АППТ  Кристијан Џамбазовски.

кина 2

Во насока на зајакнување и продлабочување на сорботката во туризмот во ноември 2013 година директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија-АППТ,   Кристијан Џамбазовски оствари посета на Народна Република Кина со господинот Сао Кивеи од  националната туристичка администрација.

На овие средби беше потврдена потполна подршка во насока на македонското присуство на кинескиот туристички пазар за кој веќе се изготвени промотивни материјали на Кинески и актуелното прашање на  усогласен визен режим кон кинеските туристи во земјите на централна и југоисточна Европа.

Директорот на АППТ Кристијан Џамбазовски изрази подготвеност следната година Македонија да биде организатор и домаќин на средбите на исто ниво со кој ќе се овозможи обединување на туристичката понуда на земјуте од ЦЈИЕ на кинескиот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top