| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Бачиќ-Алимпиќ, жената чии романи го освоија Балканот, доаѓа во Македонија

Авторката на бестселерите „Рингишпил” и „Писмото на Госпоѓа Вилма“, конечно, со своето последно дело „Последната пролет во Париз“ доаѓа во Република Македонија како дел од промоцијата на македонското издание на овој фантастичен роман, која  ја организира „Клуб Матица“ заедно со ребрендирањето на Булеварот на книгите, закажана за 4 јуни.

Јелена Бачиќ Алимпиќ е наградуван новинар, уредник и водител. Иако е позната како јавно лице, мал е бројот на луѓе кои знаат дека всушност се работи за професор по книжевност. Нејзините исклучителни писателски способности ги покажа во романите „Рингишпил” и „Писмото на Госпоѓа Вилма“ – романи кои го освоија Балканот. „Последната пролет во Париз“ е нејзиниот последен роман, кој е еден од романите кои ќе го одбележат летото. Една сосема обична старост и рутинска новинарска задача спојува две судбини, кои раскажуваат една трагична животна приказна. Судбина на емигрантите од царска Русија, оданост на идеолошките вредности, појава на демони од минатото, каде е границата на вистината и како да се пронајде храброст за да ја прифатиме и да се осознаеме себеси? Сите овие дилеми се испреплетени во приказната на старицата Марија Колчак и новинарката Олга Ласеж, која сериозно го освојува Балканот, но и европските метрополи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top