| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Китановски ја сними музиката за филмот „Медена ноќ“ на Иво Трајков

Гитаристот и композитор Тони Китановски во Љубљана работеше на снимањето на музиката за новиот филм на режисерот Иво Трајков, насловен „Медена ноќ“, соопшти „Кавал филм“.

– Снимањето се одвиваше во студиото 14 на Словенечкото национално радио со нивниот реномиран „Биг бенд оркестар“, под диригентската палка на Китановски, којшто е и автор на музиката за филмот. За време на снимањето Китановски соработуваше со главниот музички продуцент на словенечкото радио Грегор Форјаниќ, информира продукцијата.

Продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски и неговата продуцентска куќа „Кавал филм“ од Скопје, во копродукција со „и/о пост и Барандов“ од Прага и „Аталанта“ од Словенија.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и Чешкиот филмски фонд и учествуваат Македонската радио-телевизија и Радио-телевизија Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top