| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатена помошта од 200.000 евра од македонската Влада за Србија и Босна

vlada_nadvoresno_g_4
Денеска Владата на Република Македонија од државниот буџет исплати 12,2 милиони денари како помош за штетите настанати од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, односно по 6,1 милион денари (100 илјади евра) за секоја земја, информираат од Министерството за финасии.

Владата исто така одлучи сите средства кои што ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација, да бидат до денар исплатени како хуманитарна помош за Босна и Херцеговина и за Србија, односно државата нема да го задржи ДДВ-то, туку тој ќе биде пренаменет како хуманитарна помош.

Ова е време кога треба да се покаже солидарноста со граѓаните на Србија и Босна и Херцеговина и кога секоја помош е добредојдена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top