И покрај демантот на потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев за информациите кои Република ги објави за внатрешните судири во партијата во која тој е член, Република останува на тврдењата дека објавените информации се вистинити. Република им верува на своите извори. Во наредните недели, па и месеци, ќе се потврди вистинитоста на натписите кои во текот на денешниот ден беа објавени. Времето ќе покаже дека се е вистина.
Неодамна Република објави дека Владо Бучковски ќе формира партија. Тоа беше негирано од страна на Бучковски. Но не беше потребно многу време за да се дознае вистината. Пред два дена поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ во интервју за Дојче веле го потврди она што веќе го кажа за „Република“ дека во мај треба да биде формирана нова партија, која ја бара поддршката на меѓународната заедница.
Истата приказна се повторува и сега. Времето ќе покаже кој е во право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.