| четврток, 6 декември 2018 |

Две нови изданија на „Стрип квадрат“: „Различни светови“ и „Пиринскиот цар“

Издавачката куќа „Стрип квадрат“ во кафе-барот „Ли“ промовира две нови изданија. Станува збор за стрип-антологијата „Различни светови“ на Никола Темков и сликовницата „Пиринскиот цар“ на Никола Темков (текст) и Игор Јовчевски (цртеж).

razlicni_svetovi_Naslovna--344x480

РАЗЛИЧНИ СВЕТОВИ е антологија од повеќе стрип приказни чиј автор е Никола Темков, работени во различни периоди од творештвото на авторот, кои обработуваат доста различни мотиви. Од Александар Македонски, Крале Марко, Крстоносните војни, преку магичните светови на Толкин, па се до суровата реалност на денешницата. Приказните се редат една после друга, без хронолошки редослед, но со една заедничка црта: во секоја од нив постојат два различни света кои во еден момент се среќаваат и меѓу нив доаѓа до конфликт. Решението за конфликтот е во секоја стрип приказна има различен исход, но одговара на многу прашања, од кои најважното е она кое можеби и ние самите секојдневно си го поставуваме: дали да се спротивставиме, или да се приближиме со другата спротивставена страна?

ПИРИНСКИОТ ЦАР е втор наслов од едицијата Револуционери, и е посветена на Јане Сандански. Оваа едиција ќе содржи пет наслови, а тематски обработува интересни случки од животите на нашите познати револуционери Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Никола Карев и Даме Груев. Идејата е на што поинтересен начин младите да се запознаат со овие наши великани и нивните дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top