„Во сино те намамив“ е насловот на изложбата на современ накит која ќе се отвори во Музеј на град Скопје вечерва во 20.20 часот.
На изложбата дизајнерките Јана Ацевска, Биби Kлекачкоска, Дафина Џепароска и Марта Пејоска ќе го прикажат својот авторски проект.
Изложбата на современ накит премиерно беше реализирана летово во Охрид, во Kуќата на Уранија. Беше на програмата на „Охридско лето“.
Дизајнерките црпеа инспирација од ширината на Охридско Езеро, бескрајното синило и од мирните бранови. Низ изложбата може да ги доживеете и сите лица на небото над Охрид, кое, исто така, беше инспирација на четирите дизајнерки на современ накит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.