Во Музеј на град Скопје вечерва во 20 часот ќе се отвори изложба на академскиот сликар Коле Манев. На изложбата ќе бидат презентирани 30 тина дела работени во последните години. Кола Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Вар, Егејска Македонија. Во 1955 година со помош на Црвениот крст доаѓаат во Република Македонија. Во 1956 година се запишува во средното уметничко училиште во Скопје, а 1960 година заминува да студира на ликовната академија во Белград. Во 1967 година заминува за Париз, Франција каде што останува да живее и работи 15 години. Во 1980 година се враќа во Скопје, каде живее и работи како слободен уметник. Од 1986 до 2013 година има реализирано 28 самостојни изложби во земјава и странство.
Изложбата ќе ја отвори д-р Срѓан Керим, кој воедно го напиша и текстот за каталогот, Изложба на Коле Манев, а истата ќе биде поставена во Музеј на град Скопје до 01 Јуни 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


