| четврток, 6 декември 2018 |

„Добредојде“ – Маседониа Велкам Центар организираат традиционален Меѓународен добротворен базар

„Добредојде“ – Маседониа Велкам Центар („Dobredojde“ Macedonia Welcome Center (DMWC) заедно со странските амбасади во Македонија и македонската бизис заедница, четврта година по ред го организираат традиционалниот Меѓународен добротворен базар, кој ќе се одржи на 7 јуни 2014 г.  во Градскиот трговски центар. На Базарот ќе му претходи добротворна продажна изложба на дела од истакнати македонски уметници, како и еднo од редовните утрински кафиња што DMWC  традиционално ги организира секој месец.

На 29 мај,  „Добредојде“ Macedonian Welcome Center во соработка со Галеријата „Грал“ организираат добротворна продажна изложба на уметнички дела од истакнати македонски уметници. Изложбата ќе ја отворат: Н. Е г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ – Амбасадорот на Република Србија во Македонија и почесен претседател на Меѓународниот добротворен базар 2014 и Коце Трајановски  – градоначалник на Скопје.

Собраните средства ќе бидат наменети за посебното основно училиште „Златан Сремац“- Скопје. Настанот ќе се случи во четврток (29 мај) во 19.30 часот  во Галеријата на Тутунска банка.

Истиот ден, 29 мај,  како дел од своите редовни активности, DMWC заедно со Канцеларијта за врски на Република Грција во Македонија организираат грчко утринско кафе (Greek coffee morning).  Настанот ќе го отвори Н.Е г-дин Харис Лалакос, шеф на грчката канцеларија за врски.  Придружете ни се на дегустацијата на грчки специјалитети и научете нешто повеќе за Грција како туристичка дестинација.  Настанот ќе се одржи 11 часот во просториите на DMWC.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top