| четврток, 6 декември 2018 |

Катар започна да го гради првиот стадион за СП во 2022

Катар започна со подготовките за изградба на првиот стадион за потребите на Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во 2022 година.

Според светските медиуми, локалните катарски компании почнале со подготовките за почеток на изградба на стадионот „Ал Вакра“ на 15. километри од Доха.

Стадионот ќе има капацитет од 40 илјади гледачи и би требало да биде готов до 2018 година. Во Катар планираат да изградат вкупно 12 стадиони за Мундијалот, иако генералниот секретар на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Жером Валке, изјави дека осум стадиони би биле сосема доволни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top