Француската полиција денеска соопшти дека во текот на викендот спречила терористички напад, откако во близина на стадионот „Паркот на принцовите“ во саботата рано изутрина, пронашле експлозивна направа, само неколку часа пред почетокот на натпреварот меѓу ПСЖ и Бордо.
Импровизираната експлозивна направа била составена од четири плински боци, натопени со бензин.
– Направата беше натопена со бензин и употреблива, соопшти полициски извор.
Направата ја пронашол станар на зграда во близина на стадионот и веднаш повикал полиција. Во врска со овој случај приведени се пет лица, вклучувајќи и една личност која се поврзува со радикалните исламистички движења. Еден од осомничените од претходно и бил познат на полицијата и бил под надзор.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб изјави дека полицијата од почетокот на годината спречила 12 терористички напади ширум земјата.
Не е првпат некој стадион во Франција да е цел на терористите. Во февруари минатата година, кога Франција играше против Германија на Стад де Франс беше извршен бомбашки напад, при што загинаа три лица. Полицијата потврди и за два самоубиствени напади пред стадионот Сен Денис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар, веројатно го пропушта реваншот со Реал Мадрид