| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона е во напредни преговори: Легендарниот „Камп Ноу“ ќе добие ново име

Раководството на Барселона најави дека е во многу напредна фаза се преговорите со фармацевтскиот гигант „Грифолс“, за спонзорство и реновирање на „Камп Ноу“. Според информациите, каталонскиот гигант е многу блиску до постигнување на договор, во кој ќе биде вклучено и смена на името на легендарниот стадион.

Понудата е стадионот да се прекрсти во „Камп Ноу Грифолс“, што според многумина на шега велат дека тоа ќе биде презиме на легендарниот дом на Каталонците. Договорот би бил за период од 30 години, а треба да вреди 400 милиони евра. Тоа значи дека годишно Барселона ќе добива по 13 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top