
Министерството за внатрешни работи (МВР) во секој момент ќе одржи прес-конфренција на која ќе ја соопшти точната бројка на приведени и повредни лица во вечерашните протести кои се случија во скопската населба Ѓорче Петров.На протестите младите се собраа да го изразат своето незадоволство поради убиството на матурантот Ангел П. кое се случи вчера.
Револтираните граѓани се судрија со полицијата која се обиде да се движи кон населбата Нерези. Групата била разбиена во помали групи со цел да се спречи поголем инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


