
Десетина лица се приведени на протестите во скопската населба Ѓорче Петров, каде што попладнето се собраа млади од Скопје да го изразат незадоволството по свирепото убиство кое се случи вчера во кое беше убиен матурантот Ангел П.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема повредени, освен што само еден полицаец се пожалил на повреда. МВР, за да ги расчисти насобраните млади употреби солзавец и шок-бомби. Од бомбите се оштетени неколку излози во дуќаните на улицата Ѓорче Петров. Насобраните граѓани во знак на револт превртуваа контениери.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


