
Истражниот судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на осомничениот за убиството, 19-годишниот Насер Е. од селото Грчец, кој попладнево беше изведен пред истражните органи. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство.
Осомничениот беше уапсен синоќа, веднаш по немилиот настан во близина на очната клиника во Ѓорче Петров и ноќта ја помина на распит во полициска станица.
Според информациите, тој го признал делото, но ножот со кој го извршил делото се уште не е пронајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


