На денешната седница, владата на Република Македонија ги разгледуваше состојбите со помошта и придонесот на нашата земја кон загрозените региони во Србија и Босна и Херцеговина.-
Владата донесе одлука од државниот буџет на Република Македонија да биде испратена дополнителна помош од 100.000 евра за Србија и 100.000 евра за Босна и Херцеговина, информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Владата одлучи дека сите средства кои ќе бидат собрани врз основа на отворените телефонски линии за донација, ќе бидат до денар процесуирани како хуманитарна помош за Босна и Херцеговина и Србија. Државата нема да го задржи ДДВ-то, туку истиот ќе биде пренеманет како хуманитарна помош и ќе биде испратен во загрозените региони по завршување на целокупната акција која трае до 30-ти овој месец, рече Ѓорѓиев.
Владата испрати и совет до сите фирми кои што имаат интерес и намера да донираат определени добра како помош и донација за Србија и БиХ, пред да го направат тоа да побараат мислење од министерството за правда, дека се работи за донација од јавен интерес, истото ќе го добијат во брз временски интервал и ќе бидат ослободени од даночни оптоварувања согласно законските прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.