| четврток, 6 декември 2018 |

Празнувањето на Лазарица како духовно културно наследство

Научните соработници од Институтот за старословенска култура во Прилеп во текот на април реализираа теренски истражувања при што беа комплетно фото и видео евидентирани и документирани сите обредни дејствија кои се составен дел од празнувањето на Лазарицата во југозападниот дел на Македонија, во селата Радожда, Враништа, Вевчани и, пред сé, Луково

lazarki2

Како дел од активностите на Министерството за култура за заштита и популаризација на нематеријалното културно наследство, во тек е изработката на елаборат за валоризација на празнувањето на Лазарица во етногеографски предел, Дримкол како духовно културно наследство.
Научните соработници од Институтот за старословенска култура во Прилеп во текот на април реализираа теренски истражувања при што беа комплетно со фотографии и со видео евидентирани и документирани сите обредни дејствија кои се составен дел од празнувањето на Лазарицата во југозападниот дел на Македонија, во селата Радожда, Враништа, Вевчани и, пред сé, Луково.

lazarki1
Со овој проект, годинава се финализираа повеќегодишните истражувања поврзани со Лазарувањето во југозападниот дел од Македонија – Преспа, Струшко Поле и Дримкол – и нивната валоризација како нематеријално духовно наследство.
Валоризацијата и ставањето под заштита како културно добро на Лазарицата во Дримкол со сите обичајни практики е од големо значење како за локалната заедница, така и пошироко во регионални и национални рамки.

lazarki
Зачувувањето на традицијата и народното практикување ќе поттикне учество на локалната заедница во практикувањето и пренесувањето на доброто, како и негово поголемо популаризирање и промовирање не само на територијата на Македонија, туку и надвор од неа, земајќи ја предвид масовноста и изворноста на практикувањето на лазарувањето кое веќе е во поодмината фаза на одумирање во другите краишта во Македонија, освен во Струмичко и Радовишко, каде што допрва треба да се истражува и документира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top