| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите и ракометарките на Вардар во хуманитарна акција за помош на Србија и на БиХ

vardar vleznici

– Ракометарите од ЖРК и РК Вардар денеска купија влезници за хуманитарниот концерт кој ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ и активно се вклучија во хуманитарната акција за помош на луѓето од поплавените подрачја во Србија и во Босна и Херцеговина.

Денеска во просториите на „МК Тикетс“ дел од ракометарите и ракометарките на Вардар, меѓу кои беа Стојанче Стоилов, Филип Лазаров, Страхиња Милиќ, Тимур Дибиров, Билјана Црвенкоска и Андреа Лекиќ, купија карти за хуманитарниот концерт кој ќе се одржи на 28 мај во СЦ „Борис Трајковски“ каде што ќе настапат голем број македонски ѕвезди, а средствата собрани од овој хуманитарен настан ќе бидат наменети за помош на поплавените подрачја во Србија и во Босна.

– Во овие тешки моменти  за Србија и за Босна, потребна им е огромна поддршка и помош. Токму поради тоа решивме и ние да дадеме придонес и да помогнеме на оние кои им е најпотребно во моментов. Се надеваме дека нашата поддршка ќе им ја подобри тешката ситуација во која се наоѓаа – изјави Стојанче Стоилов.

Навистина сум среќна што Владата на Македонија и целата држава во овие неколку дена покажаа огромна солидарност и помош на мојот народ во овие тешки денови. Една од тие активности за собирање парични средства е и хуманитарниот концерт во СЦ „Борис Трајковски“. Горда сум што целиот колектив на ЖРК Вардар СЦБТ и РК Вардар учествува во оваа акција – изјави Андреа Лекиќ.

Ракометниот клуб Вардар како најголем спортски колектив кај нас со своите активности ќе се труди и натаму да им помогнеме на сите оние на кои помошта им е повеќе од потребна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top