Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев ги демантираше информациите за внатрешните судири во СДСМ и за неговата голема поддршка од страна на поголем дел од раководството на опозиционата партија. Воедно тој потврди дека учествувал во донесувањето на сите одлуки во партијата.
Еве ја изјавата на Заев која тој ја испрати до нашата редакција:
Го читам текстот објавен во провладините медиуми и се смеам. Дали може да се оди до таа крајност, со вакви приказни за мали деца да се обидува власта да ги замагли очите на граѓаните од реалноста што ни се случува во Македонија.
Јас сум човекот кој пред неколку дена учествуваше во донесувањето на одлуката за бојкот и истовремено со личен гест ја потврдив таа одлука за бојкот со неподнесување на кандидатски листи. Јас сум прв соработник на Бранко Црвенковски, јас сум еден од тие што учествуваат во донесување на сите одлуки во Социјалдемократскиот сојуз.
Така што вакви приказни кои што се шират по провладините медиуми се само гол обид да се сврти вниманието на јавноста од она што значи навлегување во катастрофално сценарио на Република Македонија од страна на оној кој што е повикан да ја води оваа земја, а тоа е Никола Груевски и владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.