| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на драмата „Р“ на Јордан Плевнеш во Софија

jordan-plevnes

В недела во театарот „Иван Вазов“ во Софија ќе биде промовиран бугарскиот превод на драмата „Р“ од  Јордан Плевнеш. Преводот е на Ганчо Савов, а ја објави софиската издавачка куќа „Балканика“.

Пригодна реч на промоцијата ќе одржи Николај Стојанов, претседателот на Фондацијата „Балканика“, а извадоци од драмата ќе читаат Марин Јанев и Ања Пенчева – првенци на театарот „Иван Вазов“.

Досега драмата е одиграна на сцените во над 20 земји во светот.  Во театарот „Иван Вазов” е изведена во октомври 1992 година, во режија на Љубиша Георгиевски, и тоа беше прво дело на македонски автор на сцената на софискиот театар, по прогласувањето на  независноста на Македонија. На премиерата присуствуваа тогашните претседатели на двете држави Жељу Жељев и Киро Глигоров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top