Убиството што пред неполн час се случи во близина на очната клиника „Свети Лазар“ во Ѓорче Петров, ја потресе скопската населба.
Вознемирените и шокирани соседи и очевидци раскажуваат дека на младото момче, инаку матурант во скопско средно училиште, му го украле велосипедот. Кога тој се обидел да си го врати, тројца напаѓачи го пресретнале со секири.
Од МВР за „Република“ го потврдуваат случајот. Станува збор за момче родено 1995 година, кое пред неполн час било претепано до смрт. Полицијата сѐ уште врши увид и не е утврдено дали навистина смртоносниот удар настанал од секира или пак со друг предмет, како нож или палка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.