Поради ваквиот развој на настаните, претседателот Росен Плевнелиев треба да им понуди на трите најголеми парламентарни партии да формираат влада до изборите во јули. Сепак, ниту Борисов, ниту опозиционите социјалисти не се заинтересирани да го прифатат мандатот, поради што се претпоставува дека шефот на државата ќе распише предвремени избори во април.
Борисов се повлече по четиридневните масовни протести ширум Бугарија на кои излегоа стотици илјади граѓани да го изразат својот револт против поспакувањето на струјата, но и поради другите мерки за штедење кои принеле за опаѓање на животниот стандард. Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите беа повредени 28 луѓе.
Демонстрациите продолжија и по објавувањето на оставката на владата, кога на улиците излегоа и илјадници поддржувачи на Борисов кои бараа да се врати на власт.
Бугарија е една од најсиромашните земји во Европската унија со стапка на невработеност од 18 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.