| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските печурки се бараат во цел свет

vrganj pecurki

Шумските плодови од еколошки чистите средини во Македонија се на листата на приоритети за откуп од страна на голем број фирми и поголеми претпријатија во странство.

Во неколку охридски села има помали откупни станици од каде реномираната фирма „Болетус“ од Ресен ги откупува, потоа ги преработува и ги пласира за потребите на пазарот.

„Болетус“ ги откупуваат сите видови на шумски печурки, меѓу кои најголем интерес за собирање и продажба има за вргањот, лисичарката и јајчарката. Една од помалите откупни станици која работи континуирано, е лоцирана во Лескоец. Тука се врши откуп на свежи, шумски, некултивирани печурки. Во Струга, фирмата има своја подружница, каде исто така се пласираат производите од помалите откупни центри.

Процесот додека шумските печурки да се најдат на трпезите на потрошувачите во странство е ланчан. Поголем бериќет за малите откупни станици значи и и повеќе работа за фирмите кои потоа ги откупуваат на големо.

Директорот на фирмата „Болетус Едулис“, Гоце Ангелевски додава дека тој прво ги зема од откупните центри, ги преработува во својата фирма во Ресен, а по преработката дел ги транспортира во странство, а дел во Македонија, обично се пласираат во фирма за конзервирано производство во Прилеп.

Од страна на странските фирми има голема побарувачка за речиси сите видови на печурки, кои се доста ценета храна, а цената на здравите производи на странските пазари е далеку повисока од онаа во земјата во која се произведуваат, информираат од ресенската фирма.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top