Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, присуствуваше на отворањето на Спомен-собата во НУ „Танец“.Во неа се изложени: фотографии, стари плочи, исечоци од весници, книги, плакети, благодарници, признанија и дипломи добиени од институции од Македонија и од странство, меѓу кои од општината Едирне, Република Турција, провинцијата Форли – Република Италија, општината Кечjoрeн–Анкара, Република Турција, градот Дизелдорф, Германиј, „Коло“ – Република Србија, „Ладо“ – Република Хрватска, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и многу други. Во спомен-собата се сместени и државните награди: „23 Октомври“, ,Климент Охридски“, „11 Октомври“, „Крсте Петков Мисирков“, државниот орден за заслуги на Република Македонија, наградата „Златна маска“, Амбасадори на македонската култура. Особено значајно место во спомен-собата имаат оригиналниот указ за формирање на „Танец“ од 1949 година и специјалната награда освоена во Ланголенд, Англија, во 1950 година.
-Целта на Спомен-собата која во определени денови ќе биде отворена за јавноста е сите посетители, а особено младата популација и идните генерации одблизу да се запознаат со развојот на овој реномиран ансамбл но и со сите негови достигнувања.Верувам дека и во иднина „Танец“ ќе биде подвижен музеј на непроценливото македонско фолклорно богатство кое претставува идентитет и историја на македонскиот народ и ќе се здобие со нови признанија кои ќе си го најдт своето место во Спомен-собата, рече Канческа-Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците