Победникот на мастерс-турнирот на АТП во Рим, Србинот Новак Ѓоковиќ, ја донираше наградата од 550.000 евра од освоеното прво место за најстраданите од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина. Ноле во финалето го победи вечниот ривал Рафа Надал со 2-1 во сетови и победата ја посвети на Србија и на БиХ.
Тој со оваа парична донација даде дури седум пати повеќе отколку САД за овие две земји што се зафатени од водената стихија.
– Овој пехар сакам да го посветам на мојата земја која страда многу во овие моменти. Моето срце е со нив – изјави Ѓоковиќ.
Тој беше разочаран по натпреварот дека најголемите медиумски куќи од САД и од Велика Британија многу малку известуваат за природната катастрофа што го погоди Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


