| четврток, 6 декември 2018 |

Владата преку „Економист“ бара менаџери што ќе доделуваат инвестиции од Фондот за иновации

eko

Владината Служба за општи и заеднички работи склучи договор со лондонски „Економист“ за објавување меѓународен оглас за вработување на членови на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фонд за иновации и технолошки развој.

Договорот е склучен во постапка со преговарање без претходно објавување оглас.

– Постапка со преговарање без претходно објавување оглас врз основа на член 99, став 1, точка 1, алинеја 2 од Законот за јавни набавки треба да се спроведе поради технички причини за да се постигне ефект со јавниот оглас и да се дојде до потребната целна група неопходно е да се објави Огласот во највлијателните меѓународни електронски портали за вработување што имаат иста целна група, како и Фондот – се вели во образложението на огласот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top